Хамас денеска потврди дека во минатонеделниот израелски напад загинал Марван Иса, командант на бригадата Ал Касам и заменик на воениот лидер на Хамас, Мохамед Деиф.
Според извештајот на израелскиот јавен сервис Kан Њуз, во нападот е убиен и Рази Абу Томех, командант на бригадата на Хамас, пренесува „Џерузалем пост“
Израелската војска (ИДФ) во текот на оваа недела се обидуваше да утврди дали Марва Иса е убиен во воздушен напад на ИДФ врз подземен комплекс во централниот дел на Појасот Газа.
Портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека цел на воздушниот напад била единица во која, меѓу другите, бил и Марван Иса, заменик воениот лидер на Хамас и еден од планерите на нападот што оваа милитантна палестинска група го изврши на 7 октомври. на југот на Израел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.