Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас, Бригадите Ал Касам, ја презеде одговорноста за денешниот напад на преминот Керем Шалом меѓу Израел и Газа, во кој, според извештаите на израелските и палестинските медиуми, загинаа неколку лица.

Израелската армија соопшти дека од Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа кон преминот биле истрелани 10 ракети. Во соопштението се наведува дека преминот сега е затворен за камиони кои превезуваат хуманитарна помош во енклавата, додека другите премини остануваат отворени.

Хамас потврди дека истрелал ракети врз базата во близина на Керем Шалом, но не соопшти од каде биле истрелани проектилите. Медиумите блиски до Хамас цитираа извор кој вели дека комерцијалниот премин не бил целта. (МИА)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.