Членот на политичкото биро на Хамас, Гази Хамад, денеска изјави дека палестинската милитантна група е подготвена за какво било потенцијално распоредување на израелски војници во Газа.

Не се плашиме. Ние сме силен народ. Решени сме да продолжиме. Имаме многу борци и има многу луѓе кои сакаат да не поддржат, изјави Хамад за Ал Џезира.

Тој додаде дека „дури и луѓето на границите на Јордан, Либан и насекаде, сакаат да дојдат овде и да се борат за нас“.

Од почетокот на оваа операција, испративме 1.200 борци кои успеаја да го уништат имиџот на Израел, безбедноста на Израел, израелските разузнавачки служби и сликата дека Израел е суперсила, рече Хамад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.