Украинскиот министер за енергетика, Герман Халушченко апелира светот да ја „преиспита нуклеарната безбедност“, говорејќи за ризиците во електраната Запорожје во Украина.
Ова е прашање за сите земји во светот, рече Халушченко синоќа во интервју за агенцијата Франс прес во Париз, каде допатува на конференција за поддршка на Украина, пренесе БЕТА.
Тој во Париз ќе упати и апел за помош на Украинците пред зимата откако во последните два месеца се урнати повеќе од 40 отсто од енергетската инфраструктура.
Украина повеќе од 50 отсто зависи од нуклеарната енергија за производство на електрична енергија и нема намера тоа да го промени.
Имаме планови за нови постројки, веќе потпишани договори, а ќе продолжиме со нуклеарната индустрија, бидејќи имаме големо искуство и илјадници професионалци, рече Халушченко.
Од друга страна, според него, треба итно да се преиспитаат протоколите на цивилната нуклеарна безбедност кои не го предвиделе тоа што се случува во Украина.
Никој за тоа не размислувал, сите разгледани ризици биле во случај на несреќа, рече Халушченко.
Запорожје, најголемата нуклеарна електрана во Украина и Европа со шест реактори, е под руска окупација. Областа околу таа локација и натаму е бомбардирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.