Шестмина вклучително и двајца полицајци, беа убиени во стравична престрелка на оддалечен имот вчера во Австралија . Се сомнева дека станува збор за заседа.

Полицијата соопшти дека трагала по исчезнато лице во областа Вајамбилам, околу 300 километри северозападно од Бризбејн, главниот град на Квинсленд, кога врз нив бил отворен оган.

о долга опсада полицијата убила тројца осомничени. Властите соопштија дека мотивот останува нејасен.

Првично, во понеделникот, четворица вооружени полицајци отишле на имотот во текот на попладневните часови, откако добиле барање од полицијата на Нов Јужен Велс, јавува Би-Би-Си.

Полицајците Метју Арнолд (26) и Рејчел МекКроу (29) биле убиени неколку моменти подоцна додека се приближувале до имотот. Уште еден полицаец е ранет, додека четвртиот поминал без физички повреди, соопшти полицијата.

Тогаш бил убиен и соседот Алан Дер (58), кој бил застрелан од осомничените кога дошол на имотот да види што се случува.

Опсадата траела неколку часа, било вклучено многу оружје, пред осомничените, двајца мажи и една жена, да бидат убиени од полицајци.

Еден од нив е идентификуван како Натаниел Трејн (46), кој бил поранешен директор на училиште. Полицијата за исчезнати лица била испратена да го провери.

Останатите се сопствениците на имотот, неговиот брат Гарет Трејн (47) и сопругата на Гарет Стејси Трејн (45).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.