Израелската армија откри голема мрежа на тунели во градот Газа и канцеларијата на лидерот на Хамас Јахја Синвар, под таканаречениот плоштад Палестина, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари.

-На подрачјето на плоштадот Палестина, има канцеларија на Јахја Синвар, владини канцеларии, имот на високи функционери на Хамас, а има и мрежа на терористички тунели, рече Хагари, пренесе Тајмс оф Израел.

Тој изјави дека израелските војници неодамна ја окупирале областа на плоштадот Палестина.

Хагари рече дека војниците, користејќи разузнавачки информации, лоцирале мрежа на „стратешки тунели“ во областа, за кои тој тврди дека се поврзани со болницата Шифа.

-Ова е областа на главниот команден центар, каде што беа високи членови на Хамас на 7 октомври и за време на борбите, а за време на конфликтот се преселија во други области, рече Хагари.

Тој додаде дека израелската Армија продолжува да ја истражува мрежата на тунели во областа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.