Војната во Украина ќе продолжи се додека „Русија не одлучи да стави крај“, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за Си-Ен-Ен.
Војната нема да заврши со состаноци – рече тој.
Војната ќе заврши кога Руската Федерација ќе одлучи да ја прекине и кога по прекинот на огнот ќе има можност за сериозен политички договор. Можеме да имаме различни состаноци, но тоа не е она што ќе ја заврши војната.
На прашањето каква улога ОН имаат намера да играат во истрагата за наводните воени злосторства извршени од руските сили во градот Буча на периферијата на Киев, Гутереш ги повтори своите повици за „независна истрага“.
Доказите за масовни гробници во градовите Буча и Бородјанка продолжија да се појавуваат од почетокот на април, по повлекувањето на руските сили од регионот на Киев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.