енералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го повтори својот повик за долгорочен прекин на огнот и ослободување на сите заложници кои ги држат палестинските екстремисти во Газа.

Во изјавата објавена пред Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, Гутереш оцени дека Палестинците страдаат во „едно од најтемните поглавја“ во својата историја.

Гутереш повторно ги осуди нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври, кои ја предизвикаа петтата и најсмртоносна војна во Газа, но додаде дека „тоа не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ“.

Тој повика на „долгорочен хуманитарен прекин на огнот, неограничен пристап до помош, ослободување на сите заложници, заштита на цивилите и крај на кршењето на меѓународното хуманитарно право“.

Израел и палестинскиот исламски Хамас, кој владее со Газа, се договорија од утрово да го продолжат привремениот прекин на огнот за два дена и планираат размена на заложници кои ги држат екстремистите и палестинските затвореници во израелските затвори.

Израелските лидери, сепак, се заканија дека ќе ја продолжат војната за уништување на Хамас откако ќе запре ослободувањето на заложниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.