Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“ оцени дека „во овој момент“ не се можни мировни преговори за ставање крај на војната во Украина.

За жал, не мислам дека моментално се можни мировни преговори и не гледам никаква можност сега да се постигне глобален прекин на огнот, рече Гутереш.

Јасно е дека (двете) страни се целосно ангажирани во војната и се убедени дека можат да победат, нагласи генералниот секретар на ОН.

Сепак, Гутереш изрази надеж дека во иднина ќе биде можно да се доведат Русија и Украина на преговарачка маса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.