Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш пристигна на египетскиот граничен премин Рафа со Газа каде што повика да се дозволи влез во Газа на камионите со хуманитарта помош.

Активно се ангажираме со сите страни со цел да ги разјасниме овие ограничувања за да можат овие камиони да се движат таму каде што се потребни. Потребно ни е овие камиони да се придвижат што е можно поскоро, рече Гутереш.

Тој рече дека видел „толку камиони натоварени со вода, гориво, лекови, храна“, додавајќи дека овие камиони би биле „спас“ и „разликата меѓу животот и смртта за толку многу луѓе во Газа“.

Имаме два милиони луѓе овде кои премногу страдаат. Нема вода, нема храна, нема лекови, нема гориво. На Газа и треба сè за да преживее, нагласи тој.

Шефот на ОН рече дека камионите со хуманитарна помош се натоварени и подготвени.

Овие камиони се спас. Тие се разликата помеѓу животот или смртта за толку многу луѓе, рече Гутереш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.