Гром удри во Ајфеловата кула додека Париз беше зафатен од страшно невреме.

Поради лошите временски услови, париската општина ги затвори сите зелени површини во главниот град, вклучувајќи паркови, градини и гробишта, до следното утро.

Делови од Париз и околината исто така беа погодени од силен ветер кој се очекуваше да достигне брзина од над 100 километри на час.

Портокалово предупредување беше издадено во 44 градови, вклучувајќи го и Париз, поради силните грмотевици што погодија поголем дел од земјата, се вели во соопштението.

Јавноста е предупредена да биде внимателна од можни удари на град и гром за време на невремето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.