Грчкиот генерал-полковник, Јоанис Балтозис, оценува дека Русите освоиле 33 отсто од територијата на Украина во досегашниот тек на воената операција.
Балтозис за грчката државна телевизија ЕРТ изјави дека загубите на украинските и руските сили во жива сила и воена опрема се три спрема еден.
Сепак, украинскиот отпор е голем, а одбраната на градовите е навистина импресивна – вели генералот.
Балтозис се осврнува на загубата од 10 отсто на руските сили, велејќи дека, стратешки гледано, кога тоа ќе се случи, единицата треба да се повлече и да се замени со друга.
Прикажувајќи го распоредувањето на воените сили на двете земји на мапа, грчкиот офицер објаснува дека руските сили постигнале значајни победи на бојното поле, како и дека сè уште не одлучиле што да прават со Одеса, за која оцени дека ја држат под опсада со својата морнарица.
Русите во Мариупол носат Чеченци, кои се безмилосни борци и ќе треба да го „исчистат“ градското ткиво доколку сакаат да го заземат – вели генералот и додава дека „Русите користат тактика на воена опсада и изморување на населението и борците во тој град.
Балтозис истакнува дека се уште не е јасно како би можел да се развие воениот конфликт, со оглед на силниот отпор на Украинците и воената супериорност на Русите.
Она што е сигурно е дека војната во Украина ќе трае долго, на што укажува и фактот што не се забележува значителен напредок во преговорите – вели генералот Балтозис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.