Граната денеска го погоди седиштето на мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), што е втор ваков инцидент откако изби војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа пред три недели.

Граната ја погоди внатрешноста на базата Накура, изјави Андреа Тененти, портпарол на привремените сили на ОН во Либан.

Тој додаде дека нема повредени или материјална штета и оти УНИФИЛ проверува кој ја испукал гранатата

Граната го погоди седиштето на мировните сили на Обединетите нации во Либан



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.