Градоначалникот на Купјанск, Генадиј Мацегор, кој вчера изјавил дека градот е под контрола на руските трупи, повторно се огласил.

Тој денеска на својот профил на Инстаграм поставил нова видео-снимка, во која вели дека, поради се што се случило вчера, морал да даде ново соопштение.

Мина уште еден неспокоен ден, со бомби, со ракети…Вчерашниот ден беше компликуван, и затоа го давам ова соопштение. Уништена е инфраструктура и се што се однесува на војската, полицијата или мирот, повеќе не е во наши раце. Овој град повеќе не е под наша надлежност“, рекол тој.

Додал дека нема влијание на военото прашање, но се труди народот што полесно да го преброди, да имаат нормални услови. Се заблагодарил на поддршката и замолил за разбирање.

Потсетуваме, вчера нагласил дека е време „храбро да се вратиме во живот, да го подобриме животот“. Тој рекол и дека животот во градот „зависи од тоа како сега ќе се претставиме“, па порачал дека граѓаните можат слободно да излезат од подрумите и градските засолништа.

Инаку, медиумите пренеле дека против него е поднесена постапка за велепредавство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.