Градоначалникот на украинскиот град Херсон, Игор Коликаев, соопшти дека руската армија е пред портите на градот што се наоѓа на југот на земјата.

На влезовите во Херсон руската армија постави контролни пунктови. Тешко е да се каже како ќе се развива ситуацијата. Јас сум во мојата канцеларија за да ги координираме службите за да можете да се разбудите во релативно тивок град – напиша Коликаев на Фејсбук.

Тој побара од жителите да останат мирни и внимателни и да не излегуваат за време на полицискиот час.

Не водете агресивни разговори со никого и не предизвикувајте конфликти со неистомисленици… ова не е битка, ова е војна. А војната се добива со разумни постапки и ладни глави – порача Коликаев .

На социјалните мрежи се прикажуваат снимки како руските сили влегуваат во градот со 290.000 жители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.