Пожар рано утринава зафатил еден од најголемите трговски центри во близина на Москва, соопштија локалните служби за итни случаи.

 

 

Дел од структурата на центарот се урнал, што им отежнувало на пожарникарите да го изгаснат пожарот, пренесува Ројтерс.

Трговскиот центар Мега се наоѓа во Химки, а пожарот се проширил на површина од околу 7.000 квадратни метри.

Експлозии се забележуваат и на снимките кои почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Засега нема извештаи за жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.