Едно лице загина како последица на пожар во трговскиот центар МЕГА Химки во Русија, изјавија за РИА Новости од Главната управа на министерството за вонредни ситуации на Московскиот регион.

„Ја потврдуваме смртта на едно лице“, соопштија од прес-службата на Министерството.

Пожарот избувнал во шест часот наутро во продавницата ОБИ во трговскиот центар МЕГА Химки.

Се запалил покривот на површина од 150 метри квадратни. На пожарот му бил доделен четвртиот број на сложеност од пет.

Според РИА Новости во службите за итни случаи, главни причини за вонредната состојба се неисправноста на опремата и прекршувањето на правилата за заштита од пожари при работа.

Првичната верзија за подметнување пожарот не е потврдена.

Во 8 часот и 25 минути пожарот бил локализиран на површина од седум илјади квадратни метри.

Како што јави дописникот на РИА Новости, во реонот на запалениот трговски центар се слушнале пригушени истрели. Службите за итни случаи предупредија дека конзервите со боја и аеросоли почнале да експлодираат.

Пожарот во ОБИ не ги зафатил другите делови од трговскиот центар, но сепак денеска трговскиот ќе биде затворен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.