Мајка и очув се осудени за убиство на деветгодишниот Алфи Стил, кој почина по континуирано малтретирање. На судот во Ковентри, Англија, Дирк Хауел беше прогласен за виновен за убиство, а Карла Скот за убиство од небрежност, пренесува „Sky News“.
Станува збор за мачен случај од почетокот на 2021 година, кога малиот Алфи бил пронајден со 50 повреди, вклучително и модринки по целото тело и знаци дека бил лишен од кислород.
На судењето беше објавено дека откако неговата мајка се запознала со Хауел, Алфи „трпел напади и суровост, бил тепан, казнуван со ладна вода и принуден да живее живот како што ниедно дете не треба да живее“.
Мајката на Алфи се јавила на Брза помош на 18 февруари 2021 година и пријавила дека нејзиниот син не дише. Таа тврдела дека тој заспал во кадата во нивниот дом.
Кога пристигнала полицијата, Хауел не бил дома.
Мајката им рекла на полицајците дека го нашла Алфи „потопен“ во кадата, додавајќи дека тој претходно „се удрил во глава“. Детето не давало знаци на живот, а телото му било замрзнато.
Таа ја излажала полицијата дека последен пат го видела Хауел неколку дена пред трагедијата. Сепак, снимките од надзорните камери покажаа дека тој избегал од куќата околу времето кога била повикана полиција. Тој бил уапсен кратко време подоцна додека се обидувал да се качи на воз.
Карла Скот и нејзиниот партнер пред судот изјавиле дека сметаат дека било „прифатливо“ да се удира Алфи со ремен или да се казни на сличен начин.
Овие казни, меѓу другото, вклучувале и „потопување во ладни бањи“ или принудување на детето да стои надвор среде ноќ, по што би го полеале со студена вода.
На судењето беше пуштена снимката на соседот на која се слуша како Алфи постојано вика и ја моли мајка му да му ја отвори вратата откако ќе бил исфрлен од куќата.
Случајот со ова семејство им бил познат на надлежните служби, вклучително и на службата за социјална работа, бидејќи една година пред смртта на Алфи, соседите веќе пријавиле загриженост за момчето.
Еден сосед пред три години рекол дека детето стои како статуа во дворот, а други соседи пријавиле дека нешто чудно се случува во таа куќа.
Во август 2020 година, половина година пред да умре Алфи, друг сосед се јавил во полиција и пријавил дека „звучи како соседите да му прават нешто лошо на своето дете во кадата, како навистина да го повредуваат“.
Социјалните работници наредиле на Хауел да не му е дозволено да преноќува во куќата, но тој и Карла постојано ја прекршувале забрната. Се размислувало и да се преземе старателство од мајката, но тоа отфрлено бидејќи во тој период таа соработувала со надлежните служби.
Во меѓувреме, започна независна ревизија на практиките за заштита на децата за да се утврди дали можело да се направи повеќе за да се заштити Алфи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.