Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, ги повика судиите итно да издадат налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас, Јахја Синвар, наведувајќи дека тоа е во надлежност на тој суд.

„Според воспоставениот закон, Судот има јурисдикција во оваа ситуација“, напиша Кан во правниот поднесок од 49 страници.

Тој го повика советот од судии на претходна постапка на МКС „веднаш да донесе одлуки“ за барањата што ги поднесе во мај за потерници за Нетанјаху, Синвар и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, заедно со убиениот политички лидер на Хамас Исмаил Ханија и воениот началник Мухамед Деиф.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.