Локални избори се одржуваат денеска во повеќе од 350 избирачки места во Либија, гласање што се смета за знак на надеж во земјата политички поделена од есента 2011 година по соборувањето од власт и смртта на лидерот Моамер ел Гадафи.
Според Високата национална изборна комисија, 186.055 гласачи биле поканети да ги изберат своите локални претставници.
Се избираат 58 општински совети, 2.331 кандидат се борат за едно од 426 пратенички места, од кои 68 се резервирани за жени, а 58 за лица со посебни потреби, констатира изборната комисија, една од ретките институции што успеа да ја зачува својата неутралност.
Од крајот на режимот на Гадафи, Либија е заглавена во нестабилност. Со земјата веќе неколку години управуваат две влади. Едната влада во Триполи е предводена од Абделхамид Дбеибах, која е призната од ОН, другата на истокот во Бенгази е предводена од луѓе блиски до маршалот Калифа Хафтар.
Сите ние мора да одиме на гласачките места и да учествуваме во утврдувањето на надлежните (луѓе) кои ќе не следат во иднина, рече Дбеибах.
Гласачките места се отворени низ Либија за прв пат по десет години.
Според првите извештаи, одѕивот на гласачите до 13:30 часот по средноевропско време бил 49 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.