Шокантните фотографии покажуваат ултра-насилни членови на банда набиени во најголемиот мега-затвор во светот во Ел Салвадор. Првата група затвореници, членови на една од најсуровите, најкрвожедните банди во светот – озлогласената Маре Салватруче или МС-13 – пристигнаво затворот од кој, како што се фалат тамошните чувари, е невозможно да се избега. Оваа недела Ел Салвадор зароби дури 65.000 луѓе поврзани со оваа банда, која дејствува и во Лос Анџелес.

Масовните апсења доаѓаат како резултат на одлуката на претседателот Наџиб Букеле конечно да се справи со неверојатно високата стапка на криминал во земјата.

Новиот затвор, изграден токму за овие цели, се простира на површина од 166 хектари, што го прави најголемиот во светот. Букеле експресно ветува дека во новиот затвор затворениците нема да имаат пристап до „проститутки, видео игри, мобилни телефони или компјутери“, како што беше случајот досега, пренесува Јутарњи.

Специјалната електронска опрема ќе ги блокира телефонските сигнали за да се спречи каква било комуникација од затворот. Затворот се состои од дури 8 згради, од кои секоја содржи ќелии за повеќе од 100 затвореници. Заменик-министерот за правда на Ел Салвадор, Озирис Луна, вети дека затворениците ќе бидат ставени на принудна работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.