Освен канцеларијата и персоналот, државата продолжува да ги плаќа и трошоците на шминкерката и фризерката на поранешната канцеларка Ангела Меркел кои ја придружуваат на нејзините патувања, објавија денеска германските медиуми.

Кабинетот на Меркел ги презема трошоците за професионална асистентка за шминка и фризура и во случаи кога станува збор за состаноци што не се јавни, велат од Кабинетот на канцеларката.

При пресметката на трошоците во Кабинетот на канцеларката, вработените ги забележале и високите хотелски трошоци на стилистката која ја придружува Меркел на нејзините патувања.

Неодамна беше објавено и дека месечните трошоци на Кабинетот на поранешната канцеларка Ангела Меркел изнесуваат околу 66 илјади евра.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.