Според германското Министерство за земјоделство, сè повеќе Германци ги заменуваат месните производи за протеини од растително потекло, но не сите се подготвени да се откажат од нив, пишува „Еуроњуз“.
И покрај тоа што се познати по нивната љубов кон колбасите и шницлите, Германците постојано јадат помалку месо во последните неколку години.
„Јадењето помалку месо дефинитивно придонесува и за животната средина и за животните. А исто така е здраво“, рече 28-годишен работник во локалната самоуправа на фестивалот за веганско лето во Берлин.
Бројките на германското Министерство за земјоделство покажуваат дека потрошувачката на месо се намалила на 52 килограми по лице во 2022 година, што е најниска бројка од почетокот на пресметките во 1989 година.
За споредба, бројката изнесуваше околу 61 килограм по човек пред само пет години.
Се чини дека грижите за благосостојбата на животните, климатските промени и повисоките цени ги натераа потрошувачите да бараат алтернативи за месото за да ги наполнат своите чинии.
Денес, 10 отсто од Германците се одлучуваат за храна од растителна основа во споредба со шест отсто во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.