Членовите на германската левичарска сцена се собираат вечерва во Лајпциг, и покрај забраната за протести, за поддршка на неодамна осудениот радикален левичар, а властите јавуваат за запалени автомобили и напади врз полицијата во многу делови на градот.

Во раните попладневни часови во јужните делови на Лајпциг беа запалени неколку автомобили и контејнери за ѓубре, за што се верува дека е дело на левичарските екстремисти кои и покрај забраната во Лајпциг се собираат за поддршка на неодамна осудената левичарка Лина Е. Неделава беше осудена на долга затворска казна за организирање физички напади на припадници на екстремната десница.

Ноќта од петокот кон саботата во повеќе делови од градот имаше судири меѓу припадниците на екстремната левица и полицијата. Според полициското соопштение, во овие судири биле повредени дваесет припадници на полицијата.

Во саботата попладне, Уставниот суд во Карлсруе, по итна постапка, ја отфрли тужбата со која левичарските активистички групи сакаа да ја поништат одлуката на повисокиот управен суд во Саксонија, кој го забрани протестот поради страв од немири и судири меѓу левичарите. и полицијата, како и поради опасност по јавниот ред и мир.

Полицијата од вчера ги контролира возовите кои се движат кон Лајпциг. Активистите на левата сцена поканија истомисленици од цела Европа да протестираат во Лајпциг. И во средата во Дрезден, по објавувањето на пресудата против група левичари, имаше насилни протести на припадниците на екстремниот лев политички спектар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.