Министерот за финансии на Германија, Кристијан Линднер, во интервју за „Велт ам Зонтаг“ изјави дека Буџетот за одбрана на земјата ќе мора да се зголеми „во следните години“.

Линднер во четвртокот го одложи претставувањето на првиот предлог-буџет, но се очекува в среда јавно да ги соопшти буџетските планови и финансиските проекции до 2027 година.

Во интервјуто за неделното издание на Велт, што е однапред дистрибуирано, Линднер вели дека е отворен за зголемување на буџетот за одбрана, истакнувајќи дека очекува предизвикувачки дискусии бидејќи заврши деценијата на ниски каматни стапки и зголемени владини приходи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.