Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, изјави дека на Украина и треба тешко оружје.
Таа додаде дека партнерите немаат време да бараат изговори и треба да бидат креативни.
Повеќе од јасно е дека на Украина и е потребна дополнителна воена поддршка за да може да се одбрани. Тоа го правиме заедно со нашите меѓународни партнери, заедно со европските партнери даваме дополнителни милиони… Но, јасно е дека на Украина и требаат дополнителни воени материјали, пред се тешко оружје, и сега нема време за изговори, сега е време за креативност и прагматизам – истакна германската министерка.
Реакцијата на ЕУ на војната во Украина беше воведување санкции кон Русија и поддршка на Украина од секаков вид, вклучително и праќање воена опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.