Германија планира да издвои повеќе од 100 милијарди евра за да им помогне на компаниите кои имаат влијание од војната во Украина, се наведува во документот објавен од министерствата за финансии и за економија.
Санкциите воведени против Русија поради нејзината воена акција во Украина силно ја погодуваат руската економија, но исто така ги погодуваат и компаниите во Германија – пишува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за економија.
Министерот за економија, Роберт Хабек, и министерот за финансии, Кристијан Линднер, подготвија сеопфатен пакет мерки за да им помогнат на компаниите кои се тешко погодени од војната или санкциите.
Во сегашната ситуација, краткорочната ликвидност е пред се важна за компаниите. Затоа Владата првенствено ја поддржува ликвидноста на компаниите и секторите – се вели во соопштението.
Владата преку развојната банка „KfW“ ќе им понуди заеми во вредност од околу седум милијарди евра на компаниите кои беа погодени од војната.
Компаниите од сите големини треба да имаат пристап до кредити со ниски камати, без обврски – пишува во документот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.