Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер, најави дека по 15 декември ќе биде продолжена граничната контрола со Полска, Чешка и Швајцарија за најмалку два месеци.
Нашите мерки даваат резултати. Нашата борба против бескрупулозниот бизнис на трговците со луѓе, кои брутално ги загрозуваат човечките животи, беше успешна, изјави Фесер.
Таа додава дека мобилни проверки имале значителен ефект откако беа воведени во октомври, ограничувајќи ја илегалната миграција во Германија и олеснувајќи го товарот на локалните власти.
Според податоците на германското МВР, од воведувањето на мерките на 16 октомври досега се откриени околу 3.300 нерегуларни влезови, а спречени се 1.100.
Ова значи дека овие мерки функционираат и ќе продолжат на ист начин“, изјави портпаролот на одделот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.