Германија и Италија се приклучија на европската коалиција формирана од Белгија, Холандија, Франција и Шпанија за борба против организираниот криминал.

Претставниците на шесте земји на состанокот во Амстердам се согласиле да ги зајакнат мерките за спротивставување на криминалните мрежи како што се нарко бандите.

Структурите на моќта на бандите можат да се разбијат само со заеднички напори. Меѓународниот криминал никогаш не мирува, па и ние мора да го сториме истото – изјави по состанокот холандската министерка за правда, Дилан Јешилгоес-Зегериус.

Минатата година Белгија, Франција, Холандија и Шпанија се договорија да ја зајакнат соработката во борбата против организираниот криминал.

Еден од главните фокуси на новото партнерство ќе биде чувањето на главните европски пристаништа како што се оние во Антверпен, Ротердам и Хамбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.