Германската Влада планира да го намали поттикот за купување електрични автомобили и да го укине поттикот за купување хибридни електрични автомобили кон крајот на годинава, пренесе Бета.

Владата брзо по стапувањето на должноста во декември најави дека, почнувајќи од 2023 година, ќе издвои поттикнувања само за електрични возила што „докажано имаат позитивен ефект за заштита на климата“.

Моментално, купувачите на електрични автомобили имаат право на поттик до 6.000 евра, а на хибридни, може да добијат до 4.500 евра.

Министерството за економија и клима соопшти дека бројот на електрични автомобили на патиштата брзо расте, а се очекува да ги има околу два милиони годинава.

Според министерот Роберт Хабек, возилата „стануваат сè попопуларни и во блиска иднина веќе нема да им требаат државни субвенции“.

Владата сака да ја постигне целта до 2030 година на патиштата да има најмалку 15 милиони целосно електрични автомобили, со што ќе ги зајакне напорите против климатските промени со ширење на употребата на обновлива енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.