Германската влада нема да се согласи со плановите на Европската Унија за ефикасна забрана на продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, изјави министерот за финансии, Кристијан Линднер.

Обраќајќи се на настан во германската асоцијација на индустријата БДИ, Линднер порача дека сè уште ќе има посебни пазари за мотори со внатрешно согорување, дека предложената забрана е погрешна и дека владата нема да се согласи со европскиот закон.

Во обид да се намалат емисиите на глобалното затоплување за 55 проценти до 2030 година во однос на нивоата од 1990 година, Европската комисија предложи 100 проценти намалување на емисиите на ЦO2 од новите автомобили до 2035 година. Тоа значи дека оттогаш нема да биде дозволена продажба на возила со мотори со внатрешно согорување.

Европратениците го поддржаа предлогот овој месец, пред разговорите со земјите-членки на ЕУ за конечната верзија на законот.

Линднер, член на Слободните демократи, кои ја делат власта со Социјалдемократите и Зелените, порача дека Германија, сепак, ќе биде водечки пазар во регионот за електрични возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.