Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека војната во Украина може да продолжи со години и дека украинските сили се соочуваат со поинтензивни руски напади откако Европската комисија препорача Киев да добие кандидатски статус за ЕУ.

Столтенберг во интервју за германскиот „Билд ам Зонтаг“ рече дека снабдувањето со високотехнолошко оружје за украинските сили ќе ги зголеми шансите за ослободување на Донбас од руската контрола.

Треба да се подготвиме за фактот дека ова може да потрае со години. Не смееме да ја ослабеме поддршката за Украина. Дури и ако цената е висока, не само за воената поддршка, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната“, рече Столтенберг.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој го посети Киев во петокот, даде слични коментари за Сандеј Тајмс за неопходноста за подготовка за долга војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.