Првата министерка на Шкотска, Никола Старџен, објави дека се замрзнуваат кириите во јавните и приватните имоти, како и дека им се забранува на газдите на становите да ги иселуваат станарите во зимскиот период. Ова е дел од пакетот мерки фокусирани на кризата со трошоците на животот, пренесува „Гардијан“.

Опишувајќи ги притисоците врз буџетите на домаќинствата како „вонредна хуманитарна состојба“, првата министерка на Шкотска ја претстави годишната програма на Владата за време на првиот состанок на парламентот по летните одмори.

Законот за заштита на станарите во приватните и изнајмените домови доаѓа само неколку месеци откако сличен предлог дадоа и шкотските лабуристи, кои бараа замрзнување на плаќањето кирија на две години.

Старџен, исто така, најави зголемување на детската исплата – што таа ја нарече „најамбициозна мерка за намалување на детската сиромаштија во Британинја“ – од 20 фунти на 25 фунти неделно за секое работоспособно дете.

Но, таа, исто така, предупреди на „тешките денови“ објавувајќи ги зголемените ограничувања на буџетот на Шкотска, опишувајќи ги овластувањата на Владата за даноците и задолжувањето како „ужасно несоодветни“ и предупредувајќи дека „не можеме да направиме се што, во понормални времиња, би сакале да направиме“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.