Шаховскиот велемајстор, Гaри Каспаров, познат како чест критичарт на руската политика, го даде своето мислење за тоа кога Москва би можела да користи нуклеарно оружје.

Единствениот ризик од употребата на нуклеарно оружје од страна на Путин во Украина е ако тој и неговите поданици се сигурни дека нема да има одговор. Секој командант на руска подморница треба да знае дека веднаш ќе бидат елиминирани доколку се пука со такво оружје – вели Каспаров на социјалните мрежи.

Каспаров таквата порака ја дополнува со ироничлен коментар насочен кон Западот.

Или можеби тоа би било преголема „ескалација“, уништување на подморница што истрелала нуклеарна ракета кон Украина? – иронично праша Каспаров, критикувајќи го делувањето на Западот од почетокот на војната во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.