Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, изјави дека неговата земја не сака војна со либанското шиитско движење Хезболах, но додаде дека израелската армија е подготвена за можен таков конфликт, јави ДПА.
Работиме на политичко решение. Тоа е секогаш подобрата варијанта. Ние не бараме војна, но подготвени сме за тоа. Ако Хезболах избере војна, знаеме што да правиме. Ако тие изберат мир, ние ќе одговориме соодветно“, рече министерот за време на посетата на израелските воени единици во близина на северната граница на Израел со Либан.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, секојдневно има прекугранични престрелки меѓу израелската армија и Хезболах. Неодамна размената на оган е засилена и неколку земји ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан. како што јавуваат странските агенции, постојат стравувања дека можната отворена војна меѓу Израел и Либан би можела да ескалира во голем регионален конфликт во кој ќе бидат вклучени и Иран и САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.