Министрите за животна средина на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), на крајот од дводневниот состанок во јапонскиот град Сапоро, се обврзаа да се стави крај на загадувањето со пластика до 2040 година, јави германската новинска агенција ДПА.

Планот на Г7 е поамбициозен од договорот на Г20 од 2019 година, кој предвидува крај на загадувањето со пластика до 2050 година.

– Евтината пластика за еднократна употреба стана исклучително вообичаен производ во индустријализираните земји. Поради тоа е исклучително важно земјите од Г7 да се обврзат брзо да стават крај на пластичниот отпад, изјави германската министерка за животна средина Штефи Лемке.

Правно обврзувачкиот договор треба да биде договорен до крајот на 2024 година.

Според еколошката организација „Светски фонд за дивата природа“ (World Wildlife Fund) од 19 до 23 милиони тони пластичен отпад годишно завршуваат во океаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.