Лидерите на Г-7 ја предупредија Русија да не користи биолошко, хемиско или нуклеарно оружје во војната со Украина, се наведува во соопштението на Групата седум најразвиени индустриски земји.

На средбата во Брисел беше потврдено дека сите земји-членки на Г-7 се подготвени да прифатат бегалци од Украина.

Што се однесува до енергетиката, лидерите ги повикаа земјите-производители на нафта и гас да се однесуваат одговорно и да го зголемат снабдувањето на меѓународните пазари, алудирајќи на ОПЕК. Претставниците на Г-7 истакнаа и дека ќе избегнат забрана за извоз на храна. (МИА)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.