Руските безбедносни сили ликвидирале украински воен разузнавач, руски државјанин кој подготвувал серија терористички напади во Русија, вклучително и објекти на Министерството за одбрана, соопшти денеска Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија.

Според безбедносните претставници, диверзантот планирал серија терористички напади во Русија, „вклучувајќи ги објектите на Министерството за одбрана на Руската Федерација во Московскиот регион, како и членовите на еден од волонтерските баталјони и неговиот волонтерски центар во Ст. Петербург“, пренесува РИА Новости.

Според ФСБ, ликвидиран е 48-годишен руски државјанин, „агент на Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина“, односно „припадник на украинска терористичка организација забранета во Руска Федерација”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.