Француските земјоделци најавија дека денеска повеќе од 600 трактори ќе блокираат осум автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција.
Владата најави дека ќе бидат мобилизирани 15.000 полицајци за да спречат трактори да влезат во „Париз и поголемите градови“, јавува БФМ ТВ.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, вчера разговараше со своите најблиски соработници за одговорот на полицијата на заканите на незадоволните земјоделци.
Тој им наложи на поединечните служби да распоредат значителен одбранбен систем за да спречат каква било блокада на аеродромот и каков било влез на земјоделците во главниот град.
Земјоделците протестираат и поради договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и извозниците на храна, посебно и поради договорот со јужноамериканскиот блок Меркосур, кој се уште е во фаза на подготовка, а за кој тврдат дека ќе придонесе и за нелојална конкуренција на пазарот.
Владата во петокот ги укина плановите за постепено намалување на државните субвенции за дизелот за земјоделците и најави мерки за намалување на финансиските и административните такси со кои се соочуваат земјоделците. Најголемиот француски синдикат на земјоделците ФНСЕА, сепак, соопшти дека ќе протестите ќе продолжат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.