Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, кој управувал со својот автомобил, удрил во велосипедист кој поминал на црвено синоќа во Париз, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата и придружбата на министерот.

Инцидентот се случил во петокот по 19 часот и 30 минути кога Ле Мер излегувал од министерството за да си оди дома со автомобил.

Велосипедистот ги повредил аркадата и веѓата, а можно е да има и други повреди на главата.

Весникот „Депеш“ на својата веб-страница објави дека Ле Мер ги чекал пожарникарите и брзата помош покрај повредениот велосипедист. Самиот министер не е повреден. Ле Мер, како и „другите граѓани“ бил подложен на алкотест и наркотест, чии резултати биле негативни, објави неговата околина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.