Ужасeн напад на руските сили се случи во моментот кога новинар на француска телевизија имаше јавување во живо.

Ракетите експлодирале на само неколку десетици метри од новинарот, а камерата ја снимила големата експлозија што се случила зад него.

Нападот на руските сили се случи во делови од областа Доњецк, кои се под контрола на Украина, а погодени беа селото Јаковливка, градот Краматорск и лизгалиштето во градот Дружковка, каде што привремено се стационирани украински војници, соопштија украински официјални лица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.