Францускиот Нов народен фронт денеска побара гласање недоверба на владата на премиерот Мишел Барние. Сепак, иницијативата на левата коалиција има мали шанси за успех. За да успее во тоа, таа треба да биде поддржана од екстремната десница – нешто што е малку веројатно, јавија француските медиуми.

Претседателот Емануел Макрон го назначи Барние за премиер минатиот месец, откако предвремените летни избори доведоа до фрагментиран парламент. Иако левичарската коалиција освои најмногу гласови, не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство.

Кабинетот е пред тешката задача да добие одобрение од парламентот за државниот буџет, кој предвидува помал дефицит.

Постоењето на оваа влада во нејзиниот состав и во нејзината насока е негација на резултатот од последните парламентарни избори“, се вели во предлогот за гласање недоверба.

Левичарските пратеници рекоа дека Макрон требало да назначи премиер од нивните редови и истакнаа дека буџетот за следната финансиска година ќе биде „најекономичен во изминатите 25 години“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.