Дел од француското Министерство за финансии и економија денеска е евакуиран од зградата во Париз по дојава за можен терористички напад.
„Околу 20 лица се веќе евакуирани“, јави француската телевизија BFM, повикувајќи се на повеќе извори и откри дека ситуацијата е предизвикана од заканата од бомба, пренесува Ројтерс.

Според нив, полициската акција сѐ уште е во тек, а полицијата сѐ уште не се изјаснила за случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.