Француските власти соопштија дека, како дел од санкциите на Европската Унија кон Русија, ја заплениле јахта поврзана со Игор Сечин, извршен директор на рускиот нафтен гигант Роснефт.

Француското Министерство за финансии соопшти дека царинските органи извршиле контрола на јахтата „Аморе Веро“ во медитеранското одморалиште Ла Сјота.

Јахтата пристигна во Ла Сјота на 3 јануари на поправка и требало да остане до 1 април.

Кога француските цариници дошле да ја прегледаат јахтата, нејзиниот екипаж се подготвувал за итно испловување, иако поправката не била завршена – се вели во соопштението.

Јахтата е запленета за да се спречи нејзино заминување.

Во соопштението се наведува дека бродот е во сопственост на компанија чиј главен акционер е Сечин, кој е извршен директор на рускиот нафтен гигант Роснефт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.