Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан порача дека Париз не го отфрла нормандискиот формат за решавање на украинската криза и дека тој се уште постои.

Според Ле Дриан, „овој формат е важен за промовирање на мирно решение“ на украинската криза.

Просторот за дискусија треба да остане отворен – порача Ле Дриан на прес-конференција во Берлин.

Првите преговори на Нормандиската четворка (Русија, Германија, Франција и Украина) се одржаа во Франција во јуни 2014 година на маргините на 70-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија. Тогаш по првпат се сретнаа германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Русија, Франција и Украина, Владимир Путин, Франсоа Оланд и Петро Порошенко за да најдат решение за конфликтот во Донбас. Оттогаш се одржани пет самити. Последниот самит се одржа во Париз на 9 декември 2019 година.

Украина во повеќе наврати апелира да се одржи самит во нормандиски формат.

Принципите се формирани во Договорот од Минск, а патот до нив е низ нормандискиот формат –  порача шефот на француската дипломатија, нагласувајќи дека таквата платформа е неопходна за дијалог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.