Франција ќе распореди 500 припадници на воениот персонал како дел од силите на НАТО во Романија.
НАТО одлучи да го зајакне своето присуство за да испрати многу јасен знак на стратешка солидарност, за да ги позиционира силите во Романија. Ќе испратиме околу 500 луѓе со оклопни возила – изјави началникот на Генералштабот на армијата, Тиери Буркхард за Радио Франс Интернационал и за радиодифузерот Франс24.
Буркхард додаде дека Франција, исто така, во текот на следниот месец ќе одржува воено присуство во Естонија, која граничи со Русија.
Со оглед на војната во Украина, одлучено е да го задржиме нашето присуство од 200 до 250 војници со оклопни возила во балтичката земја – изјави Буркхард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.