Обидот на вооружените сили на Украина да ги пробијат минските полиња на југот на Украина на 8 јуни заврши уште покатастрофално од очекуваното, пишува „Форбс“.

На почетокот се чинеше дека загубите на Вооружените сили на Украина се помали, но две недели аналитичарите, анализирајќи ги снимките од беспилотните летала, постојано додаваа на списокот изгубена воена опрема.

Украинскиот пораз од Мала Токмачка (во регионот Запорожје) испадна попогубен отколку што мислевме. Неодамна, аналитичарите избројаа уште повеќе уништени и напуштени пешадиски борбени возила М-2 (Бредли) на 47 бригада.

Чадот се исчисти и пронајдени се најмалку 25 уништени украински воени возила: 17 пешадиски борбени возила М2, четири тенкови Леопард 2А6, три тенкови Леопард 2Р и еден Визент“, пишува авторот на написот Дејвид Акс, а пренесува „Спутник“.

Оценувајќи ги загубите на западната воена опрема во Украина, Акс забележува дека уништувањето на едно возило за деминирање Висент не е проблем, бидејќи украинската армија има десетици од нив.

Сепак, Киев доби само сто американски пешадиски борбени возила Бредли, 21 тенк Леопард 2А6 и само шест тенкови Леопард 2Р добиени од Финска.

За крвав час или два, борбените групи на 47. и 33. бригада загубија речиси една петтина од украинските возила М2, една петтина од ‘леопардите’ 2А6 и половина од „леопардите“ 2Р, се вели во написот.

Новинарот потсетува дека веднаш потоа, САД ветија дека ќе испорачаат уште борбени возила Бредли во Украина за да ги надоместат загубите од 8 јуни.

Сепак, европските земји треба да набават повеќе тенкови „леопард“ 2А6 за испорака во Киев, додека тенковите „леопард“ 2Р „буквално ги нема“.

Украинската контраофанзива во јужниот дел на Доњецк, Запорожје и Артјомово започна на 4 јуни.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека од почетокот на контраофанзивата Киев изгубил 259 тенкови и 780 оклопни возила, а само на правецот Орехово во последната недела загубил 41 тенк и 102 оклопни возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.