Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили“ во Газа, нагласи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ, додавајќи дека „треба да се утврдат фактите“ за трагедијата.

Претседателката на ЕК, говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, рече дека експлозијата во текот на ноќта што ја погоди болницата во Газа, при што загинаа најмалку 200, ја претворила во „огнен пекол“.

Сите кои се виновни мора да одговараат, рече таа, без да ја префрли вината за нападот кон кој било во конфликот меѓу Израел и Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.