Водечки европски претставници му ја честитаа денеска победата на парламентарните избори во Велика Британија на лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер и порачаа дека се радуваат на идната соработка.

„Ви честитам на победата на изборите. Сe радувам што ќе соработувам со вас во конструктивно партнерство за решавање на заедничките предизвици и зајакнување на европската безбедност“, објави на социјалната мрежа Икс, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која беше назначена за втор мандат таа функција.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел му ја честиташе на Стармер изборната победа на лабуристите во Велика Британија, која ја нарече „историска“.

„Со нетрпение очекувам да работам со вас и вашата влада во овој нов циклус за Велика Британија. ЕУ и Британија се клучни партнери, кои соработуваат во сите области од заеднички интерес за нашите граѓани“, објави Мишел на мрежата Икс.

Тој додаде дека ќе го види Стармер на самитот на Европската политичка заедница што ќе се одржи во Велика Британија на 18 јули „каде ќе разговараат за заедничките предизвици, вклучително стабилноста, безбедноста, енергијата и миграцијата“.

Победата на Стармер на изборите му ја честиташе и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, со порака дека односот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.