Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета на Кина да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.
Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина – рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата, пренесе Ројтерс.
Претседателот Си одигра важна улога во деескалирањето на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека претседателот Кси ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија, додаде таа.
Фон дер Лајен рече дека Кина може да го ограничи „неодговорното ширење“ на ирански ракети и беспилотни летала и ги повтори повиците за прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Веруваме дека Кина може да одигра важна улога во ограничувањето на неодговорното ширење на балистички ракети и беспилотни летала од страна на Иран, изјави таа за новинарите по средбата со Кси.
Фон дер Лајен нагласи дека ЕУ не може да го апсорбира прекумерното производство на кинески индустриски стоки што го преплавуваат нејзиниот пазар.
Таа додаде дека го повикала Кси да преземе чекори за решавање на проблемот со вишокот капацитет.
Кина која игра фер е добра за сите нас – истакна Фон дер Лејен.
Фон дер Лајен во Елисејската палата се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг и со францускиот претседател Емануел Макрон. Кси пристигна во Франција во неделата на своето прво патување во Европа од 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.